МУРАТОВСКИ, Глигор Серафимов

МУРАТОВСКИ, Глигор Серафимов (Галичник, 22. Ⅲ 1897 – Скопје, 17. Ⅶ 1976) – фтизиолог, редовен проф. на Мед. ф. во Скопје, основоположник на Институтот за градни болести. Еден од првите наставници на новоформираниот Мед. ф. во Скопје (1947), борец против туберкулозата во Македонија. Бил декан на Мед. ф. во Скопје во 3 мандати и еден од основачите и претседател на МЛД (1958–1959) и на списанието ММП, претседател на фтизиолозите на СФРЈ. По пензионирањето (1966) ја продолжил својата хумана работа и активност во Црвениот крст на Македонија во Секцијата за борба против туберкулозата. Автор е на првата скрипта по фтизиологија во РМ. Бр. Н.

Кирил Муратовски