МУГРИ

МУГРИ“ (Положај, прва половина на 1945) – весник, орган на Четиринаесеттата македонска младинска НО ударна бригада „Димитар Влахов“, на македонски јазик. Редактор бил Д. Глигоров. Зачуван е само бр. 2 (март 1945), со 22 страници на хектографска техника. ЛИТ.: Д-р Боро Мокров, Развојот на македонскиот печат и новинарство (од првите почетоци до 1945 година), Скопје, 1980, 447; Д-р Боро Мокров – М-р Томе Груевски, Преглед на македонскиот печат (1885–1992), Скопје, 1993, 139. С. Мл.