МУВИ, ГРАБЛИВИ

МУВИ, ГРАБЛИВИ (Асилидае) – двокрилни грабливи инсекти. Нозете им се силни и влакнести. Се хранат со други инсекти, ловејќи ги од заседа; и ларвите им се грабливи. Граблива мува Оваа фамилија муви во светот е застапена со 4.000 видови. Во Македонија се среќава видот голема граблива мува (Лапхриа гиббоса Л.), која во пчеларството е позната како предатор на пчели. ЛИТ.: Јонче шапкарев, Зоологија на без’рбетните животни, Скопје, 1991. В. Т. К. – М. Кр.