МОШИЊСКИ, Лешек

МОШИЊСКИ, Лешек (Лесзек Мосзѕвски) (Лублин, Полска,19. Ⅱ 1928 – Гдањск, Полска, 16. Ⅳ 2006) – полски лингвист, филолог, славист, полонист, член на МАНУ надвор од работниот состав (од 2003). Поголем дел од неговиот богат опус се однесува на староцрковнословенскиот јазик од канонскиот, кирилометодиевски период. Се занимава посебно со јазикот на Зографскиот кодик. Ав-тор е на еден од најпознатите и најшироко прифатени воведи во словенската филологија (Њст&п до филологии сљоњиавскиеј, Њарсзања 1984). Околу десетина расправи има посветено на Охридската книжевна школа и на староцрковнословенски споменици настанати на почвата на Македонија. ЛИТ.: Тематѕ, Кси&га јубилеусзоња њ 70. роцзниц& уродзин професора Лесзка Мосзѕвкиего, Гдавск, 1998. З. Т. МРАВКА, ЦРВЕНА ШУМСКА