МОРЕХОН, Нанси

МОРЕХОН, Нанси (Хавана, 6. Ⅸ 1942) – водечка кубанска писателка и врвна современа карипска поетеса на шпански јазик. Првата стихозбирка Мутимос ја објавила во 1962 г. Потоа објавила уште дванаесет поетски книги. Нејзината поезија, која е длабоко исповедна и еруптивна, е преведена на многу јазици. Добитник е на најпрестижни кубански и меѓународни награди за поезија. Во 2006 г. е лауреат на Златниот венец на СВП. ЛИТ.: „Поезија“, СВП, Струга, 2006. П. Гил.