МОРАНИ, Азем

МОРАНИ, Азем (Моране, Скопско, 1923 – Скопје, 1947) – учител, балистички водач што со својата група продолжил да дејствува и по 1944–45. Бил меѓу водечките личности на НДШО, а во јуни 1946 г. избран и за член на ЦК. Учествувал во формирањето на широка мрежа илегални комитети по градовите и селата и вооружени банди за борба против новата македонска власт. Бил откриен и затворен во 1946, а осуден на смрт и ликвидиран во 1947 г. ЛИТ.: Ѓорѓи Малковски, Профашистичките и колаборационистичките организации и групи во Македонија 1941–1944, Скопје, 1995; истиот, Балисти, Скопје, 2002. Ѓ. Малк.