МОНТАЛЕ, Еуџенио

МОНТАЛЕ, Еуџенио (Еугенио Монтале) (Џенова, 12. Ⅹ 1896 – Милано, 12. Ⅸ 1981). Заедно со Унгарети, претставува најизразита фигура на италијанскиот херметизам. Интензивно се занимавал со новинарство. Пишувал книжевна и музичка критика. Доживотно бил сенатор на Италија. Медитеранот во неговите песни е издигнат до симбол на хуманистичката цивилизација. Добил Златен венец на СВП во 1973 г. Во 1975 г. добил и Нобелова награда за литература.
БИБЛ.: Коски од сипа, 1925; Виор и друго,
1956; Сатура, 1971 и Дневник 71 и 72, 1973. ЛИТ.: Анте Поповски, Поезијата на Мон-тале, „Песни“, ЗИД-НМ, Ск., 1973. П. Гил.