МОНЕТОКОВЕЊЕТО НА ПАЈОНСКИТЕ ПЛЕМИЊА

МОНЕТОКОВЕЊЕТО НА ПАЈОНСКИТЕ ПЛЕМИЊА. Просторот на Пајонците изобилувал со златоносни реки и богати рудници за сребро. Големото рудно богатство, а пред сè експлоатацијата на среброто (познатите Пангајски и Злетовско-кратовски рудници) создале благопријатни услови за појава на монетоковењето. Првите монетни продукции од пајонските племенски заедници биле направени веќе кон крајот на Ⅵ в. пр.н.е. од Дероните (ок. 530/25 – ок. 510/500 г. пр.н.е.).

Монета на Дероните, обол (аверс/реверс)
Овие доцноархајски изданија биле отковани на тенки сребрени листовидни парчиња. Тоа биле анепиграфни, најчесто инкузни пари, со мали вредности, наменети за локална циркулација. За нив е карактеристична претставата на говедо, често придружена со соларен симбол. Во најпродук

Монета на Дероните, октодрахма (аверс/реверс)
тивниот период на племенско монетоковење се појавиле и монетите на Ореските, Едоните, Лајаите и на др. (ок. 513 – 480 г. пр.н.е.)

Монета на Лијаи, октодрахма (аверс/реверс)
со големи вредности како декадрахми, октодрахми и тетрадрахми. Ова е периодот на персиското присуство и доминацијата над Егејот, вклучително и над Пајонија и Македонија, кога е енормно зголемена продукцијата на монети од разни изданија. По заминувањето на персиската војска, пари ковеле Бизалтите, Дероните и некои други племенски владетели (ок. 479 – 460 г. пр.н.е.). Експанзионистичката политика на Александар И е причина за престанокот на монетоковењето кај повеќето пајонски племиња, кога кон Македонија биле приклучени значајни делови од пајонската територија. Системот што бил користен за ковење на парите претставува комплексен тежински систем со нагласен локален
„пајонски“ карактер, осмислен за употреба и на ориенталните и на
т.н. грчки деноминации. Стилот и иконографијата на монетите покажуваат многубројни врски и паралели помеѓу изданијата на разните племиња.
ЛИТ.: Ј. Н. Своронос, Л’хелленисме примитиф де ла Мацедоние, проуве пар ла нумисматиљуе ет л’ор ду Пангее, Атхен, 1918/19; Г. К. Јенкинс, Анциент Греек Цоинс, Лондон, 1990; М. Прице –
Н. Њаггонер, Арцхаиц Греек силвер цоинаге: тхе
„Асѕут“ хоард, Лондон, 1975. П. Ј.