МОНЕВ, Михаил

МОНЕВ, Михаил (Кратово, 4. Ⅺ 1881 – Горна Џумаја, 14. Ⅳ 1944) – учител, припадник на ВМРО. Завршил педагошко училиште во Скопје и бил учител во Беровско, Кумановско и во Кратово. Посетувал Духовна семинарија во Цариград. Бил делегат на Рилскиот и на ќустендилскиот конгрес. По Младотурската револуција студирал право на Универзитетот во Цариград. Во време на бугарската окупација (1915–1918) бил околиски управник на Кочани и Свети Николе. По војната бил во ВМРО, пратеник во Народното собрание.
ЛИТ.: Зоран Тодоровски, Животниот и револуционерниот пат на Михаил Монев (1881–1944), „Музејски гласник“, Ⅱ, број 1, Кратово, 2003, 67–82. З. Тод.