МОМИРОВСКИ, Томе

МОМИРОВСКИ, Томе (Кичево,
4. Ⅳ 1927) – раскажувач, романсиер, есеист, критичар, преведувач. Завршил Филозофски факултет во Скопје. Бил уредник на повеќе весници и списанија. Бил секретар за култура на Р. Македонија (министер), претседател на Културнопросветната заедница на Македонија, претседател на Македонскиот ПЕН-центар итн.
БИБЛ.: Стреи и песоци, патописна проза, Ск., 1956; Чекори, раскази, Ск., 1957; Грешна недела, роман, Ск., 1961; Години несоници, роман, Ск., 1972; Бреслики, повест, Ск., 1976; Коловратница, раскази, Ск., 1986; Бела, повест, Ск., 1987; Чун, роман, Ск., 1992. Во 1987 год. му се објавени Избрани дела во пет тома. ЛИТ.: Г. Тодоровски: Пред делото на Томе Момировски во книгата Звучниот
здив на татковината, 1992. П. Гил.