МОЛЕРОВ, Димитар

МОЛЕРОВ, Димитар (Банско, 1874 – Софија, 1961) – поет, драм-ски писател, фолклорист, филолог, публицист, културолог и револуционер. По завршувањето на основното училиште продолжил во Солунската гимназија. Студиите по словенска фолологија и литература ги започнува на Софискиот универзитет. Како добар студент и фолклорист, добива понуда за специјализација во Виена, но останува и учителствува во повеќе градови. Член е на Битолскиот окружен револуционерен комитет и одговорен за Прилепската околија и член на штабот на востаниците. Подоцна во неговиот дом во Софија чес-ти посетители се членовите на Македонскиот литературен кружок. Автор е на поеми („Стојна пострумка“ и „Тенка и Китан“), драми („Новото учене“, „Новиот даскал“,
„Ајдучка полјана“, „Јуда Искариотски“), стихозбирка „Жална ми бабо, послушај“ (некои од песните се на помладиот брат Костадин), како и на повеќе статии од областа на историјата, литературата и филозофијата. Заедно со брат му развиле собирачка дејност и заеднички објавуваат „Народописни материјали од Разлошко“.
БИБЛ.: Молерови братя ДимитÍр и Костадин, Народописни материяли од разложко, СБНУ ЏЛВИИИ, София, 1954; Дими
тар Г. Молеров, Драми. Приредил Васил Тоциновски, Скопје, 1993. Б. Р.-Ј.

Костадин
Молеров