МОКРОВ, Боро

МОКРОВ, Боро (Велес, 13. ⅩⅠⅠ 1917 – Скопје, 30. Ⅳ 2005) – правник, припадник на комунистичкото и на студентското движење, политички работник и публицист, прв доктор по новинарство во Македонија. Активист на СКОЈ и член на КПЈ (од 1939). Поради пројавените активности во КП и СКОЈ бил испратен во логорот Меѓуречје – Ивањица (Србија). По окупацијата работел на формирањето ќелии на КП во Азот, Велешко, и во подготовките на партизанска база. Во 1942 г. бил секретар на СКОЈ, од декември 1942 г. до крајот на 1943 г. бил во затвор, а потоа во интернација. По враќањето од интернација, во 1944 г. станал политички комесар на одредот „Трајче Петкановски“ и на Осмата велешка бригада. По војната бил пратеник (неколку мандати) во Собранието на Македонија. Се занимавал со историјата на печатот и на новинарството во Македонија. Автор е на повеќе статии и монографии.
БИБЛ.: Д-р Боро Мокров, Развојот на
македонскиот печат и новинарство, Скопје, 1980; Збор, печат, време, Скопје, 1987; Весникот „Македонија“ на Коста С. шахов, Радио Охрид, 1991.
ЛИТ.: Д-р Блаже Ристовски, Македонскиот стих 1900–1944. Истражувања и материјали, И, Скопје, 1980, 454-456. Ѓ. Малк.