МОКРАЊАЦ, Стеван

МОКРАЊАЦ, Стеван (Неготин, Србија, 9. И 1856 – Скопје, 29. Ⅸ 1914) – композитор и хорски диригент. Музика учи во Минхен, Рим и во Лајпциг. Доаѓајќи на чело на Белградското пејачко друштво, развива мошне плодна и разновидна дејност. Под негово раководство Друштвото достигнува високо уметничко ниво на бројните концерти во Србија и на турнеите во странство. Централно место во творештвото на М. заземаат неговите 15 „Руковети“ – своевидни хорски стилизации на народниот мелос, засновани врз вкусно поставени контрасти на одделните песни во делата. Десеттата „Руковет“
– една од најубавите, како и петнаесеттата, се оформени со песни од Македонија. Мошне се значајни и Мокрањчевите духовни хорски дела, од кои се издвојува монументалната „Литургија според св. Јо-ван Златоуст“. Врз основа на неговите записи на црковни напеви, издадени во две збирки („Осмогласник“ и „Опште појање“) е воспоставено црковното пеење во Српската православна црква. Др. О.

Боро Мокров