МНОГУНОГИ

МНОГУНОГИ – СТОНОГАЛКИ (Мѕриапода) – членконоги организми. Телото им е поделено на глава и труп, кој е составен од голем број сегменти. Од секој сегмент излегува по еден пар нозе што даваат изглед на илјаданожни животни (мѕриа гр. = илјада). Тие се исклучиво ноќни копнени животни. Во Македонија се среќаваат 72 таксона (71 вид и 1 подвид), систематизирани во два реда: вистински стоногалки (Диплопода), претставени со 59 таксони (58 видови и 1 подвид, од кои, 22 таксона се ендемични) и чкрапји (Цхилопода), претставени со 13 видови. Позначаен вид од вистинските стоногалки е Сцхисмохетера скети Мрсиц, ендемичен вид од Галичица. Најчест вид во куќите и лозјата е домашната многунога (Сцутигера цолеоптрата Л.).
ЛИТ.: Јонче шапкарев, Зоологија на без’рбетните животни, Скопје, 1991; Група автори, Цоунтрѕ Стадѕ фор биодиверситѕ оф тхе Републиц оф Мацедониа (фирст натионал репорт). Министрѕ оф енвиронмент анд пхѕсицал планнинг, Скопје, 2003. В. Т. К. – М. Кр.