МЛАДОТУРСКА РЕВОЛУЦИЈА

МЛАДОТУРСКА РЕВОЛУЦИЈА (1908) – воен државен преврат извршен од интелектуални, воени и буржоаски сили во османлиската држава (главно во Македонија, како акција за спречување на автономијата на оваа турска про-

Манифестација во Битола по повод Младотурската револуција (1908)
винција по средбата на суверените на Русија и Англија) за воспоставување уставен систем во земјата. Младотурците ја формирале (Женева, 1891) организацијата
„Итахад ве тераки“ („Единство и напредок“). На Конгресот во Париз Организацијата донела одлука за почеток на оружена борба за коренити промени во државното уредување и во социјално-економскиот живот во државата. Иако акцијата се извршила порано и не случајно со центар во Македонија, за да се зачува целоста на

Езерото „Младост“ кај Велес
Турција пред решенијата за автономија на Македонија на Ревелската руско-британска средба, нивната акција била поддржана и од некои македонски револуционерни сили предводени од Ј. Сандански. Младотурскиот преврат (Ⅶ 1908) не донел поголеми промени. Детронизацијата на султанот Абдул Хамид Ⅱ и воспоставувањето на младотурскиот режим не претставувале порадикален пресврт. Внатрешната криза се заострила (продлабочена со војната со Италија, Ⅸ 1911), Парламентот бил распуштен (Ⅶ 1912), наскоро започнала Балканската војна.
ЛИТ.: М. Пандевски, Македонија на Балканот, Скопје, 1990; Историја на македонскиот народ, кн. 3, Скопје, 2003. Ал. Тр.

Домашната многунога (Сцутигера цолеоптрата Л.)