МЛАДИНИЌ, Иво

МЛАДИНИЌ, Иво (Брач, Хрватска, 1925 – Сплит, Хрватска 9. ⅩⅠⅠ 2003) – хирург, основоположник на современата Воена хирургија во новата ВБ во Скопје изградена по земјотресот. Бил началник на Хируршкото одделение и зам. управник на ВБ, каде што успеал да формира комплетно нов хируршки тим и да организира модерна и современа хирургија. Заминал од Скопје во 1975 г. во Сараево, докторирал и станал проф. по хирургија на ВМА во Белград. Бр. Н.