МЛАДЕНОВСКИ, Ѓорѓе (с. Враготурце, Кумановско, 11. Ⅺ 1947) – социолог, редовен професор на Филозофскиот факултет во Скопје по културна антропологија и социологија. Основно образование и гимназија завршил во Куманово, а дипломирал на Филозофскиот факултет (Група за филозофија) во Скопје (1971). По вработувањето на Филозофскиот факултет (1972) бил ангажиран во наставата на Институтот за социологија од неговото формирање. Магистрирал антропологија и социјална теорија на Цалифорниа Стате Университѕ, Цхицо, УСА, на тема ”Њхитте”с Цонцепт оф Цултурал Еволутион” (1978). Докторирал на Филозофскиот факултет во Скопје на тема „Хуманизмот и натурализмот во современата антропологија и нивната релација кон Марксовото сфаќање за човекот“ (1992). Бил на двегодишни студиски престои на Универзитетот во Хал (Велика Британија), на Јагелонскиот универзитет во Краков (Полска) и на Универзитетот во Питсбург (САД). Долгогодишен раководител на Институтот за социологија (1993–1997 и 2005 до денес). БИБ.: Антрополошки огледи, Скопје, 2005; Антропологија, Зборник текстови, Скопје, 2000; Социологија, Скопје, 1986 (коавтор). ЛИТ.: Филозофски факултет во Скопје, Скопје, 16. ⅩⅠⅠ 2006, 265. С. Мл. Симо Младеноски