МИЌИЌ, Загорка

МИЌИЌ, Загорка (Обреновац,
17. Ⅹ 1903 – Белград, 27. Ⅷ 1982)
– доктор по филозофија, универзитетски професор. Дипломирала на Филозофскиот факултет во Белград. Филозофското образование го продолжила во Берлин и Фрајбург кај прочуениот филозоф Е. Хусерл, каде што ја изработила докторската дисертација. Докторирала на Филозофскиот факултет во Белград (1934). На Институтот за филозофија во Скопје работела од 1954 до 1972 г., кога заминала во пензија; ги предавала предметите логика и историја на филозофијата.
БИБЛ.: Феноменологијата на Едмунд Хусерл (Феноменологија Едмунда Хусерла), Белград, 1937; Германска класична филозофија, Скопје, 1958; Увод во логиката, Скопје, 1961; Современите граѓански фи
лозофи за марксизмот, Скопје, 1976. ЛИТ.: Филозофски факултет 1946–1976, Скопје, 1976, 72–73; З. Миђиђ, Феноменологија Едмунда Хусерла, Пред. Еуген Финк, Нови Сад, 1988. В. Панз.
Осман
Мифтари