МИШЕВ, Стојан (Штип, 22. Ⅲ 1882 – Штип, 30. ⅩⅠⅠ 1924) – припадник на ВМРО, на МФРО и на „Здружението против бугарските бандити“. Завршил Педагошко училиште во Скопје. Бил војвода во Штипско (1905 до 1908). По Првата светска војна бил близок соработник на Т. Александров, Штипски околиски војвода. Во 1922 ја напуштил ВМРО и стапил во МФРО. Во 1923 се вратил во Вардарскиот дел на Македонија. Бил еден од раководителите на Здружението против бугарските бандити во Штип, што се борело против четите на ВМРО во Брегалничкиот округ. Бил осуден на смрт и убиен од ВМРО. ЛИТ.: Зоран Тодоровски, Активноста на четите на Тодор Александров во Брегалничкиот округ, зб. Штип и Штипско во НОВ 1941–1944, Штип, 2001. З. Тод.