МИХАЈЛОВ, Илија

МИХАЈЛОВ, Илија (Велико Трново, Бугарија, 29. Ⅴ 1907 – Белград, 15. Ⅷ 1973) – редовен професор на Земјоделско-шумарскиот факултет во Скопје, специјалист за областа уредување на шу-мите и за предметите уредување на шумите и дендрометрија. Дипломирал на Земјоделско-шумарскиот факултет во Софија (1930), каде што е избран за асистент (1933). Докторирал на Земјоделско-шумарскиот факултет во Загреб (1939), а подоцна работел во Врховната стопанска комора во Софија (1944–1947). Еден од првите професори на Земјоделско-шумарскиот факултет во Скопје по неговото формирање (1947). Истакнат и познат научен работник на домашен и на меѓународен план. Автор е на првиот учебник по „Дендрометрија“ за студентите од областа на шумарството во Македонија (1953), како и на „Уредување на шумите“, И (1961) и Ⅱ (1963) дел. Објавил повеќе од 60 научни трудови. Ал. Анд. Миле Михајлов