МИХАЈЛОВСКИ, Горан

МИХАЈЛОВСКИ, Горан (Битола, 24. Ⅺ 1968) – дипломиран новинар на Интердисциплинарни студии по новинарство на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Во периодот 19892000 г. во „Вечер“ ги минува сите скалила во професијата – од приправник до главен и одговорен уредник на весникот. Иницијатор и еден од основачите на в. „Вест“ (5 јули 2000). Автор на колумната „Сакам да кажам“ што ја почнал во „Вечер“ и континуирано опстојува 15 години. Колумните во кои на свој начин ја документира посткомунистичката транзиција се објавени во три книги. Б. П. Ѓ.

Драги
Михајловски