МИХАЈЛОВА-ДАМЧЕВСКА, Марина

МИХАЈЛОВА-ДАМЧЕВСКА, Марина (Ташкент, Узбекистан, 1963) – атлетичарка. Како атлетичарка на АК „Скопје“ деветпати била првенка на СФРЈ во седмобој, еднаш и на 100 м со пречки и првенка на Република Македонија во повеќе атлетски дисциплини. Трипати го соборувала југословенскиот рекорд во седмобој (1986–1987) и с“ уште е актуелна рекордерка на Република Македонија во петобој (сала), седмобој, во скок во далечина и во височина. На Универзитетските игри го освои 6 место (Загреб, 1987), а на Медитеранските игри (Лакрија, Либан, 1987) 2 место во седмобој. Нејзиниот последен рекорд на СФРЈ во седмобој (1987 – 5.642 бода) останал несоборен. Ја исполнила олимписката норма на 100 м со пречки (1996). По тешка сообраќајна несреќа, ја завршила спортската кариера.
ЛИТ.: Д-р Душан Станимировиќ, Спорт-
ски шампиони. Избор на најдобрите во Македонија 1954–2004, Скопје, 2005, 75, 76 и 78. С. Мл.

Јосиф
Михајловиќ