МИТРОВДЕН

МИТРОВДЕН – календарски празник посветен на светиот великомаченик Димитриј (8. Ⅺ/26. Џ). Познат е и како Митроен. Св. Димитриј живеел во третиот век. Роден е во Солун и бил син на градоначалникот на овој град. Подоцна и самиот тој станал градоначалник. Поради тоа што бил христијанин, настрадал на 26 октомври (с.с.) 306 или 290 г. Според народната поделба на годината на два дела, поради значително намалениот ден, студеното време и сл., со овој ден завршува летниот период од годината и започнува зимскиот. Оттука и народната пословица: „Дојде ли Митровден, чекај си Ѓурѓовден“. Многу семејства во Македонија Митровден го имаат како домашен празник и го празнуваат со домашни служби, со месење обредни лебови, чекање гости и сл. Во некои места се одржуваат и помасовни панаѓури. На свети Димитрија му се посветени и голем број цркви и манастири во Македонија. На овој ден се главувале селските протуѓери, говедари, момоци, овчари и сл. за половина година до Ѓурѓовден или до следниот Митровден. За момоците на тој ден се подготвувала вечера и им се исплаќала ругата (заработувачката) за изминатиот период. Митровден го празнувале и Турците и го викале Касим и тогаш се организирал митровденски лов (касимавна).
ЛИТ.: Српски народни обичаји у ™ев—елиској кази, прикупио и описао Стефан Танови¢, учитељ, Београд, 1927; Марко К. Цепенков, Македонски народни умотворби, кн. 9, Народни верувања, Детски игри, Скопје, 1972; Марко Китевски, Македон
ски празници, Скопје, 2000. М. Кит.