МИТРЕВА, Илинка

МИТРЕВА, Илинка (Скопје, 11. Ⅱ 1950) – филолог, унив. професор по француска литература (Филолошки факултет „Блаже Конески“, Скопје); член на СДСМ (1991-); пратеник во Собранието на РМ во три состави (1994–2002); претседател на Комитетот за надворешна политика (1994–1998); шеф на делегацијата на Собранието на РМ во ЦЕИ; шеф на парламентарната група на РМ за соработка со Европскиот парламент (1994–1998); министер за надворешни работи во Владата на РМ во два мандата (31. В–
30. Ⅺ 2001 и 2002–2006).

Илинка
Митрева

ИЗВ.: Министерство за надворешни работи на РМ, Скопје 2007. Т. Петр.