МИТЕВА, Нада

МИТЕВА, Нада (Пехчево, 7. Ⅸ 1947) – биолог, унив. професор. Основно образование завршила во родното место, а гимназија во Скопје. Во учебната 1966/67 г. се запишала на ПМФ, група биологија. Дипломирала во 1970 г. Во 1972
г. се вработила како договорен асистент на Биолошкиот факултет во Скопје. Во 1975 г. е избрана за асистент по предметот општа биологија за студентите од Медицинскиот и Стоматолошкиот факултет во Скопје. Магистерската работа ја одбранила во 1978 г., а докторската дисертација во 1987 г. За доцент е избрана во 1988, а за

Нада Митева
вонреден професор во 1993 г. Во звањето редовен професор е избрана во 1998 г. Се занимава со хистоморфолошки истражувања на стаорците и рибите. Објавила околу 40 научни трудови. Д. Пр.

Лабина Митевска