МИРЧЕВСКИ, Петар

МИРЧЕВСКИ, Петар (Крушево,
11. Ⅺ 1956) – актер. Дипломирал на отсекот за драмски актери на Вишата музичка школа во Скопје (1979). Од и.г. е и член на Народниот театар во Битола. Улоги: Пејо („Бабамбитолски патрдии“); Ангеле („Лет во место“); Марко („Југословенска ан

Св. Апостол Павле, детаљ од икона од Галеријата на соборниот храм „Св. Никола“ во Куманово (1845)
титеза“); Скапен („Ѓаволштините на Скапен“); Атос („Три мускетари“); Максо („Црна дупка“); Полониј („Хамлет“); Сирано де Бержерак; Ричард Ⅲ во истоимените дела; Пажот („Вечерва Фалстаф“); Рос („Магбет“); Кочкарјов („Женидба“); Тузенбах („Три сестри“); шекспир („Мера за мера“); Плакир („Калуѓерски тишини“) и др. Р. Ст.