МИРОВНИ МИСИИ НА НАТО ВО РМ

МИРОВНИ МИСИИ НА НАТО ВО РМ – вкупно 3 мисиии: „Суштествена жетва“, позиционирана по покана од РМ до НАТО (од претседателот Трајковски (14. Ⅵ 2001) до генералниот секретар на НАТО Џорџ Робертсон) на 22. Ⅷ 2001 г. со мандат собирање на доброволно предаденото оружје и муниција од албанските екстремитички групи и негово уништување, без можност за негово насилно одземање. Оваа мисија не е операција во смисла на раздвојување на завојувани страни, туку во функција на одржување и унапредување на воспоставениот мир. Ја сочинуваат 4.500 војници, најмногу од Британија под оперативна команда на данскиот генерал Ланге (претходно висок воен претставник на НАТО во РМ), од Главниот бригаден штаб во близината на Скопје. Официјален крај на мисијата е 26. Ⅸ 2001 г.; „Килибарна лисица“, позиционирана по покана од РМ до НАТО (од претседателот Трајковски (18. Ⅸ 2001) до Робертсон), на
27. Ⅸ 2001 г. со мандат обезбедување дополнителна безбедност на меѓународните набљудувачи што го надгледуваат спроведувањето на Рамковниот договор и враќањето на македонските безбедносни сили на териториите што претходно не се под нивна контрола, врз основа на Одлука на Владата на РМ (27. Ⅸ 2001). Мисијата брои 1000 војници под команда на генералите Керл (Германија), Харм Де (Холандија), Картеро (Шпанија), Чиња (Италија), од штабот во Скопје. Официјален крај на мисијата е 14. ⅩⅠⅠ 2002 г.; „Сојузничка хармонија“, позиционирана исто како и претходните две на 16. ⅩⅠⅠ 2002 г., со мандат со оперативни и советодавни елементи карактеристични за втората мисија, официјално завршена на 31. Ⅲ 2003 г.,
т.е. воениот дел е препуштен на мисијата на ЕУ – „Конкордија“.
ЛИТ.: Сашо Додевски, Присуство на меѓународни вооружени сили во Македонија во текот на ⅩⅩ век, магистерски труд, Скопје, 2004. Т. Петр.

Мирко Миронски