МИРОВНА МИСИЈА НА ЕУ ВО РМ

МИРОВНА МИСИЈА НА ЕУ ВО РМ – прва мисија на ЕУ „Конкордија“ (Цонцордиа), позиционирана по покана од претседателот на РМ Борис Трајковски (17. И 2003) до високиот претставник на ЕУ за заедничка надворешна и безбедносна политика Хавиер Солана, како прва конкретна соработка на НАТО и ЕУ, трае 6, односно, по продолжувањето, 9 месеци (31. Ⅲ – 15. ⅩⅠⅠ 2003) и брои 487 членови, наполно успешна поради тоа што ја остварува клучната цел – укинување на потребата од понатамошно странско воено присуство во РМ. Основа на Мисијата е писмото на високиот претставник на ЕУ за заедничка надворешна и безбедносна политика Хавиер Солана до претседателот на РМ Борис Трајковски
(20. Ⅲ 2003), во кое се наведени нејзините задачи: обезбедување присуство во областите на потенцијална опасност и етничка тензија; поддржување на мониторите на меѓународната заедница и на другите меѓународни претставници; поврзување со властите, локалните лидери и населението и организациите на меѓународната заедница, советување на властите на РМ за безбедносни прашања.
ЛИТ.: Сашо Додевски, Присуство на меѓународни вооружени сили во Македонија во текот на ⅩⅩ век, магистерски труд,
Скопје, 2004. Т. Петр.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *