МИОКАЗИ

МИОКАЗИ (село кај Кичево, локалитет Градиште – Венец) – населба лоцирана на стратешка позиција врз доминантен рид што се издига од рамното поле во долината на реката Велика низ која минува патот Кичево–Брод. Локалитетот е опкружен со низа пунктови од римско и доцноантичко време: ридот Кале на спротивниот брег на Рабетинска Река, Дирек, Зад Чука, Крст и Топлец, коешто зборува за интензивната населеност на регионот. Врвот на ридот е опкружен со наместа добро зачуван масивен бедем со одбранбени кули, од каде што доаѓа и името Венец. До него води пат всечен во карпата на западното подножје. Констатирани се траги од континуирано живеење од праисторијата – неолит, железно време, хеленистичко и римско време, доцна антика и среден век. На највисоката позиција во внатрешноста на утврдувањето е лоцирана трикорабна базилика со баптистериум од В–Ⅵ в.. Откриени се и остатоци од два доцноантички станбени објекти, со многу керамички наоди, некропола од Џ–Ⅺ в. и др.
ЛИТ.: Г. Спасовска-Димитриоска, Археолошки истражувања на градиштето
Венец“ кај с. Миокази, Кичевско, „Мацедониае ацта арцхаеологица“, 7-8 , Скопје, 1987, 167–175. Љ. Џ.

Димитар Мирасчиев

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *