МИОВСКИ, Доне Коцев

МИОВСКИ, Доне Коцев (Скопје, 16. Ⅲ 1909 – Скопје, 31. И 1977)

дерматовенеролог, редовен проф. на Мед. ф. во Скопје. Мед.

ф.
завршил во Белград (1935), каде што и специјализирал (1940). Хабилитирал (1955) од областа на терапијата на болестите на сврзното ткиво. Еден од основоположниците на Мед. ф. и на Клиниката за кожни и венерични болести и нејзин директор (1950–1974). Автор е на 43 стручни труда објавени во земјата и во странство.