МИЛЧИН, Илија

МИЛЧИН, Илија (Прилеп, 19. Ⅵ 1918 – Скопје, 11. Ⅲ 2002) – драм-ски и филмски актер и режисер, преведувач, публицист, еден од основачите на МНТ, уметнички раководител и режисер на Обласниот МНТ во Горна Џумаја (Благоевград, Бугарија). Дипломирал на Правниот факултет во Софија. Во Белград бил слушател на Отсекот за театарска уметност на Музичката академија. Како актер се истакнува со реалистичко толкување на психолошки сложени улоги во домашниот и во странскиот репертоар. Успешно дејствувал и како режисер, драматург и преведувач на драмски тексто
ви. Бил директор на Драмата на МНТ (1964-1969), како и професор на Факултетот за драмски уметности во Скопје. Улоги: Јаго („Отело“); Губернаторот („Смртта на Губернаторот“); Леоне („Господа Глембаеви“); Галиело („Галилео Галилеј“); Жак („Како што милувате“); Крижавец („Во агонија“); Отец Наум („Крик“); Платон Кречет, Јулие Цезар во истоимените дела; Тефик-бег („Гоце“) и др. Режии: „Длабоки корени“, „Црнила“; „Антигона“; „Три сестри“;


Малограѓани“; „Стаклена менажерија“; „Ученик на ѓаволот“; „На дното“; „Печалбари“ и др. Филм-ски улоги во филмовите: „Јазол“;


Мис Стон“; „Мирно лето“; „Исправи се Делфина“. Р. Ст.

Јанез Милчински