МИЛОШОСКИ, Антонио

МИЛОШОСКИ, Антонио (Тетово, 29. И 1976) – политичар, актуелен министер за надворешни работи на Република Македонија. Матурирал во гимназијата „Мирко Милевски“ во Кичево (1994), дипломирал на Правниот факултет во Скопје (1999) и магистрирал по Евроинтеграција на Универзитетот „Фридрицх Њилхелм“ во Бон (Германија, 2001&2002), а станал докторант (од ноември 2002) на политички науки и научен соработник (од април 2005) на Институтот за политички науки на Универзитетот „Герхард Меркатор“ во Дуизбург (Германија). Во неговиот политички ангажман бил член на Извршниот комитет (1995&1997) и потпретседател на Унијата на младите сили на ВМРО-ДПМНЕ (1997 &1998), еден од основачите на здружението на граѓани Младински евроатлантски форум – МЕАФ со седиште во Скопје, член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ (2005&), шеф на Кабинетот на потпретседателот на Владата на РМ (1999 &2000) и портпарол на Владата на РМ (мај 2000 – септември 2001). На парламентарните избори е избран за пратеник (5. Ⅶ – 26. Ⅷ 2006) и потоа за министер за надворешни работи на РМ (27. Ⅷ 2006). Член е на германското академско здружение „Сüдостеуропа Геселсхафт“, кое ги проследува политичко-економските збиднувања во Југоисточна Европа. Се пројави и како колумнист на дневните весници „Дневник“ (јануари-мај 2000) и „Утрински весник“ (2002&2004). С. Мл.