МИЛОШЕВИЌ, Климент Николов

МИЛОШЕВИЌ, Климент Николов (Охрид, 2. ⅩⅠⅠ 1901 – Скопје,
26. Ⅺ 1976) – спец. по педијатрија и пневмофтизиологија. Мед. ф. завршил на Сорбона, педијатрија специјализирал во Виена. До 1941
г. работел во Белград, од каде што е депортиран во логор. Во 1945 доаѓа во Скопје и формира прв детски АТД и болница во с. Лешок (1946). Во 1957 г. ја основал Болницата за детска ТБЦ во Скопје (Козле). Сл. М. П.