МИК“ ДОО

„МИК“ ДОО (Метална индустрија – Кавадарци) – фирма од металопреработувачката дејност формирана во 1978 г.. Се простира на околу 75.000 м², од кои 27.000 м² покриен простор. Производствена програма: комунална опрема – контејнери и канти за комунален отпад; земјоделска механизација – тракторски приколки, плугови, клинести брани и др.; произодство на електроопрема и опрема за домаќинството и индустријата – класични бојлери, бојлери со топло изменувач, котли, дистрибутивни ормари за броила и сл. Се занимава и со производство, проектирање и монтажа на челични конструкции. Располага со 2 технолошки линии за површинска заштита на металите: топло поцинкување и електростатско бојадисување. Има богат машински парк: ЦНЦ машини, борверг, каросел, низа глодалки и точила, секатор со оптичка глава, координатна дупчалка, хидраулична преса, ножици и др. Сл. А. Франц Миклошич