„ МИКРОН“


МИКРОН“ – Прилеп – фабрика за производство на мали електромотори и на опрема за домаќинството. Формирана е во шеесеттите години на минатиот век како


Микрон“, за да прерасне во почетокот на 2005 г. во фирма со назив АД „Микрон Тецх“. Во производната програма се застапени повеќе видови мотори со мала моќност како што се: еднофазните асинхрони микромотори, универзалните микромотори, колекторските микромотори на наизменична струја. Од апаратите за домаќинство најзастапени се вентилаторите, а не е помало значењето и на греалките, електричните пили, феновите, миксерите и месорежачките. М. Чунд.