МИЖИМАКОВ, Панче

МИЖИМАКОВ, Панче (Велес,
22. Ⅵ 1946) – директор на филм, продуцент. Започнува како асистент на режија и организатор на снимање, а подоцна како директор на филм и менаџер на продукција. Наизменично го менува статусот на слободен филмски работник и вработен во „Вардар филм“. Тој е еден од основачите на првата продуцентска куќа „Пегаз“ преку која се реализирани неколку филмски проекти. Во неговата филмографија се вбројуваат повеќе десетици домашни и меѓународни филм-ски продукции. В. Масл.