МИДА

МИДА (Мидас) – син на Гордиј (според некои, мајка му била Кибела), крал на Бригите, коишто се преселиле во Мала Азија, каде што се познати како Фриги, а областа што ја населиле Фригија, па оттука се спомнува и како крал на Фригија (ок. 737 пр.н.е.). За неговиот лик се поврзани митови што го прават симбол на богатство и мудрост, но и на алчност или глупост. Околу планината Бермиј (сега Вермион) се наоѓале „Градините на Мида“, каде што, според митот, тој го заробил Силен (воспитувач и придружник на Дионис). Според зачуваниот фрагмент на Калистен кај Страбон, извор на неговото митолошко богатство биле рудниците близу до планината Бермиј.
ИЗВ.: Херодоти, Хисториа, Оџонии, 1927; Страбо
нис, Геограпхица, И–Ⅲ, Липсиае, 1895–1913. ЛИТ.: Д. Срејови¢ – А. Цермановиђ-Кузмановиђ, Речник грчке и римске митологије, Београд, 1987. Е. Петрова, Бригите на централниот Балкан во Ⅱ и И милениум пред н.е., Скопје, 1996. К. М.-Р.

Напишете коментар