МИГДОНИЈА

МИГДОНИЈА (Мѕгдониа) – античка област во Долна Македонија, населена од племето Мигдонци, наречена според епонимниот херој Мигдон. Се протегала на северните делови на полуостровот Халкидик (околу денешниот Солунски Залив), по долниот тек на р. Аксиј (Вардар) до Дојранското Езеро. Името често се користело како збирно, за означување на областите Крестонија, Бисалтија и Антемунт. Таа била густо населена со развиен градски живот. Во неа спаѓале градовите: Тесалоника, Терма, Халија, Ематија, Ајнеа, Синдос, Халастра и др. Прв ја спомнува Херодот во раскажувањето за походот на Ксеркс против Хелада.
ИЗВ.: Херодоти, Хисториа, Оџонии, 1927; Тхуцѕ
дидис, Хисториае, Оџонии, 1942. ЛИТ: Ф. Папазоглу, Македонски градови у римско доба, Скопје, 1957; Н. Проева, Историја на Аргеадите, Скопје, 2004. К. М.-Р.

Напишете коментар