МЕЃУНАРОДНО ПРИЗНАВАЊЕ НА Република Македонија

МЕЃУНАРОДНО ПРИЗНАВАЊЕ НА Република Македонија – процес на констатирање на фактот на (ре)конституирање на Република Македонија како субјект во меѓународното право и политика што започнува да тече по доставувањето на сетот од документи: Пис-мо на претседателот Киро Глигоров до сите шефови на држави и на влади во светот за признавање на Република Македонија (2. ⅩⅠⅠ 1991); Писмо на министерот за односи со странство д-р Денко Малески до министрите за надворешни работи во светот за признавање на Република Македонија (2. ⅩⅠⅠ 1991); Декларација на Собранието на Република Македонија за меѓународно признавање на Република Македонија како суверена и независна држава (19. ⅩⅠⅠ 1991) и Пис-мо на министерот за односи со странство д-р Денко Малески до претседавачот со ЕЗ Ханс ван ден Брук за информирање дека Собранието на Република Македонија ги прифаќа Насоките за признавање на новите држави во Источна Европа и СССР и Декларацијата за Југославија и изразување желба за меѓународно признавање (20. ⅩⅠⅠ 1991), испратено по покана од Советот на министри на ЕЗ содржана во Декларацијата за Југославија (Брисел, 17. ⅩⅠⅠ 1991), во утврдениот рок (до 23. ⅩⅠⅠ 1991), со кои формално-правно Република Македонија им обрнува внимание на постојните држави на фактот на постоење на Република Македонија како нов/(ре)конституиран субјект со сите белези на државност – носител на правото на добивање меѓународно признавање.

Киро Глигоров со меѓународните посредници
за бивша Југославија – Столтенберг и Лорд Овен

Процесот на признавање на Република Македонија е долготраен, макотрпен, противречен, преседан во меѓународното право. По повод признавањето на државите произлезени од рас

Обраќањето на Киро Глигоров пред Генералното собрание на ООН при приемот на Република Македонија (8. Ⅳ 1993)