МЕЃУНАРОДНИ ВОЕНИ ОПЕРАЦИИ ВО КОИ УЧЕСТВУВА Република Македонија

МЕЃУНАРОДНИ ВОЕНИ ОПЕРАЦИИ ВО КОИ УЧЕСТВУВА Република Македонија – воени операции на држава, група држави, меѓународни организации, здружени коалиции или ентитети во кои учествуваат припадници на вооружените сили на Република Македонија. Во периодот од 2001 до 2007 г., припадници на вооружените сили на Република Македонија, врз основа на Меморандумот за разбирање, склучен помеѓу Владата на Република Македонија и Меѓународните сили за безбедносна поддршка, учествуваат во три меѓународни мировни операции: во Авганистан (во согласност со Резолуцијата 1386 на Советот за безбедност на ОН од 20. ⅩⅠⅠ 2001) во ИСАФ 2, 3, 5, 6, 7, 8, 9, 10 (2002– 2007); во „Слобода за Ирак“, по барање од Владата на САД (4. Ⅳ 2003) и во согласност со СОФА

координирано да дејствуваат на

Претседателот на Република Македонија Б. Црвенковски во посета на македонските војници во Кабул, Авганистан (11. Ⅹ 2007)
воено-техничките договори со Кувајт и Катар, како поддршка во поствоената фаза, а врз основа на Одлуката на Собранието на Република Македонија (22. Ⅳ 2003) од 1. Ⅵ 2003 г., со шестмесечно ротирање; во воената операција на ЕУ за кризен менаџмент – АЛТЕА во БиХ, врз основа на Одлуката на Собранието на Република Македонија (3. Ⅶ 2006), од 14. Ⅶ 2006 г.
ИЗВ.: Министерство за одбрана на Република Македонија, Скопје, 2007. Т. Петр.