МЕЃУНАРОДНИ ВОЕНИ МИСИИ ВО МАКЕДОНИЈА

МЕЃУНАРОДНИ ВОЕНИ МИСИИ ВО МАКЕДОНИЈА – мисии на држави, групи држави, меѓународни организации, сојузи или ентитети што позиционираат вооружени сили на територијата на Македонија. Во текот на ⅩⅩ и ⅩⅩⅠ в. во Македонија се позиционираат 12 воени мисии: февруарисептември 1903 г., воспоставена со Виенската спогодба (февруари 1903) во функција на спроведување на Февруарските реформи на турската жандармерија; 1903–1909 г., врз основа на Договорот од Мирцштег (септември 1903), составена од припадници на армиите на В. Британија, Франција, Германија, Италија, Русија и Австро-Унгарија со ист мандат како и претходната; во Втората светска војна сојузнички воени мисии на Велика Британија, САД и СССР (воспоставени: британската во октомври 1943 г., американската во јуни 1944 г., единствената англоамериканска во јуни-октомври 1944 г. и советската во ноември 1944 г.) со мандат да ги следат и да известуваат за воените дејства на НОВ и ПОМ и нивните резултати, да организираат саботажи и други диверзантски акции, македонската војска со сојузничките сили, да организираат и да примаат воена и друга помош, обука за ракување со оружјето итн., до март/мај 1945 г.; набљудувачка мисија на ОН за превентивно чување на мирот во Република Македонија (декември 1992 – декември 1995 г. како УНПРОФОР (Унитед Натион Протецтион Форце, односно март 1995
– февруари 1999 г. како УНПРЕДЕП (Унитед Натион Превентиве Деплоѕмент Форце); НАТО мисија на

Мировните сили на ООН (УНПРОФОР) во Република Македонија
Косовскиот верификационен координативен центар, воспоставена на 26. Ⅺ 1998 г. како дел од операцијата на НАТО на Косово
„Орлово око“ (Еагле Еѕе), функционира до март 1999 г.; мисија на Силите за извлекување на НАТО, воспоставена на 10. ⅩⅠⅠ 1998 г., како дел од мисијата „Решителен гарант“ (Детерминед Гуарантор) во функција на извлекување на верификаторите на ОБСЕ од Косово, функционира до март 1999 г.; март-јуни 1999 г. НАТО мисија за подготвителни сили на КФОР за Косово; јуни 1999 г. – Заднински штаб на КФОР (ХЉ КФОР РЕАР) заради логистичка поддршка на КФОР на Косово – дел од Единствениот штаб на НАТО во Скопје; 22. Ⅷ 2001 – 22. Ⅸ 2001 г. НАТО мисија „Неопходна жетва“ (Ессентиал Харвест-Таск Форце Харвест); 22. Ⅸ 2001 – 15. ⅩⅠⅠ 2002 г. НАТО мисија „Килибарна лисица“ (Амбер Фоџ-Таск Форце Фоџ); 15. ⅩⅠⅠ 2002 – 31. Ⅲ 2003 г. НАТО мисија „Сојузничка хармонија“ (Аллиед Хармонѕ); 31. Ⅲ – 15. ⅩⅠⅠ 2003 г. ЕУ мисија „Конкордија“ (Цонцордиа), заменета со ЕУ мисијата ПРОКСИМА, која е поинаков (полициски) вид мисија.
ЛИТ.: Сашо Додевски, Присуство на меѓународни сили во Македонија во текот на ⅩⅩ в., Зборник посветен на почесни
доктори, доктори и магистри на науки (2001-06), Правен факултет „Јустинијан Први“ – Скопје, Скопје, 2006. Т. Петр.