МЕЧУВАЊЕТО ВО МАКЕДОНИЈА

МЕЧУВАЊЕТО ВО МАКЕДОНИЈА – Првпат се спомнува како спортска активност во Скопје (1911). МК „Работнички“ бил основан во Скопје (1950) и е единствен во Републиката (до 1991). Негови основоположници биле Бранко Радовановиќ, долгогодишен натпреварувач и претседател и Драгољуб Николовски. Членовите на Клубот настапувале во сите категории на југословенските, балканските, европските и светските првенства и на медитеранските игри, како и на голем број други меѓународни натпревари. Биле освоени голем број медали во сите категории, поединечно и екипно. Најуспешни мечувалци биле: Александар Анастасовски, Томи Александровски, Кирил Ристевски, Зоран Стојановиќ, Соња Пајковска и др., предводени од тренерот Владимир шуманов.
ЛИТ.: 30 години физичка култура и спорт, 1945–1975 во СР Македонија, Скопје, 1975, 151–152. Б. Р.