МЕТОДИЈ, СВ

МЕТОДИЈ, СВ. (Солун, меѓу 810–815 – Велеград, Моравија, 6. Ⅳ 885) & монашко име (световното не е посведочено) на византискиот архонт и словенски просветител, моравски архиепископ и книжевен деец. Најстар син, роден во угледно семејство на друнгарот Лав и Марија од Солун. Најверодостоен извор за него е Пространото (панонско) житие, напишано од св. Климент Охридски. Претставен е како умен, храбар и силен уште од младоста. На 20-годишна возраст поставен за архонт (управник) на словенско кнежевство. Едни претполагаат дека тоа се наоѓало во Македонија, во Струмичко-брегалничкиот крај (и дека таму го превел Законот за судење на луѓето на словенски со Св. Методиј, ѓаконикот на јужниот ѕид во црквата во Курбиново (ⅩⅠⅠ в.) грчко писмо), а други – во Битинија, западна Мала Азија до Босфор, каде што имало многубројни словен-ски семејства импортирани од Солунско. По 10-годишна административно-воена служба се повлекол во манастир на планината Олимп (Мала Азија) и се замонашил. Повеќе подробности за него се познати по 861, кога му се придружил на брата си Константин Философ во Хазарската мисија. Таму е претставен како помошник на помладиот брат, но веројатно имал и други важни дипломатски обврски. По враќањето од Хазарија императорот Михаил Ⅲ и патријархот Фотиј му предложиле архиепископски чин, но тој одбил; прифатил да биде само игумен на манастирот Полихрон со 70 монаси, меѓу кои веројатно имало и Словени. Кај него често престојувал брат му Константин. Со право се претполага дека таму било создадено првото словенско писмо и од преселените Словени таму си избрале свои ученици. Најважното дело, заедничко со брата му, е просветителската Моравска мисија од општословенско и европско значење. Свечено испратени од византискиот император и од патријархот, Браќата и учениците, со преводи на најважните богослужбени книги, биле радосно дочекани од великоморавскиот кнез Растислав. Тој им дал добри услови за работа и набргу подготвиле нов подмладок за вршење богослужби. Но Растислав, во 864 победен од герм. крал Лудвиг, немал можност да ја штити словенската богослужба од германското свештенство со латински јазик. По три години Браќата планирале да се вратат, но задржани од кнезот Коцел останале во Панонија уште една година и таму подготвиле словенски кадар. Св. Кирил и св. Методиј, средновековна минијатура Во 867 г. во Византија се случиле големи промени во династијата и во црковниот врв, па наместо во Цариград, Браќата тргнале со моштите на св. Климент Римски во Рим да бараат од папата дозвола за слов. богослужба. Во Рим биле свечено дочекани од папата Адријан, но на согласноста чекале долго. По смртта на св. Кирил во Рим (869), Методиј останал сам да ја раководи Словенската мисија. Во 870 се вратил во Панонија, но Коцел барал од папата Методиј да биде ракоположен за архиепископ, за да може да организира самостојна црква. Методиј повторно оди во Рим и се враќа како архиепископ Панонски, но среќава огорчена реакција од баварското свештенство од Салцбург, под чија јурисдикција се наоѓала Панонија. Методиј бил фатен, суден, малтретиран и затворен две и пол години. По интервенција од новиот папа Јован Ⅷ бил пуштен, но во Панонија веќе не се вратил, а отишол во Моравија и работел под мошне тешки услови. Во 879 строго му било забрането да служи на словенски, па третпат оди во Рим да се правда. Според 13 гл. на ЖМ, во 881 г. отишол во Цариград и откако оставил таму двајца од своите ученици (свештеник и ѓакон) и богослужбени книги, се вратил во Моравија. По третото патување во Рим Методиј се оддава на книжевна работа. Заедно со двајца свои ученици брзописци го превел до крајот Стариот завет,Номоканоноти Патерикот. Починал на 6 април ст. ст. 885; бил опеан на латински, грчки и словенски и погребан во големата црква во Велеград. ЛИТ.: С. Б. БернштеŸн, Константин Философ и МефодиŸ; П. Динеков, СлавянскиŸ просветителÏ МефодиŸ, София 1985; Ф. В. Мареш, Јазикот на слов. првоучител Методиј, Кирило-Метод. (ст. слов.) период и К.-М. традиција во Макед., Скопје 1988, 71-76; Цхристианитѕ амонг тхе Славс, Рома 1988; С. Николова, Методия, К.-М. Е Ⅱ, С.