МЕТОДИЈ, митрополит

МЕТОДИЈ, митрополит (Методиј Златанов) (Берово, 24. Ⅷ 1963) – митрополит на Американско – Канадската епархија, поет, професор во Македонската православна богословија „Свети Климент Охридски“ во Скопје. Главен и одговорен уредник на списанието за православна духовна култура „Демострој“. Автор на есеи и преводи од областа на православната теологија, филозофијата на историјата, христијанската естетика и византологијата. Како поет е заговорник на визуелната поезија. Во 1997 г. остварил серија изложби и инсталации „Пораѓање на Истокот“.
ДЕЛА: Трешталник, Ск., 1986; Е, Ск., 1997; Сауловиот Каталог, Ск., 1998, Саронски близнаци, Ск., 2002, Багрена Самарија, Ск. 2004. В. Тоц

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *