МЕНЕЛАЈ

МЕНЕЛАЈ – син на Аминта Ⅲ од бракот со Гигаја, со која ги имал и двата сина Архелај и Аридај, полубрат на Филип Ⅱ Македонски. Како претенденти на македонскиот престол, Филип Ⅱ го затворил и го егзекутирал Архелај, додека Менелај и Аридај привремено нашле прибежиште во Олинт. Откако Олинтјаните одбиле да ги предадат, Филип Ⅱ го нападнал Олинт, го срамнил со земјата и притоа биле погубени и неговите полубраќа.
ИЗВ.: Јустини, Хисториарум Пхилиппицарум еџ
Трого Помпеио, Парисиис, МДЦЦЦЏЏИИИ. ЛИТ.: Н. Проева, Историја на Аргеадите, Скопје, 2004. К. М.-Р.