МЕЛАМЕД, Меир

МЕЛАМЕД, Меир (Скопје, ⅩⅤⅠ в.) – рабин и писател. Бил член на рабинскиот суд во Скопје. Ја напишал книгата на прашања и одговори „Мишпате цедек“. Неговиот татко шемтов бен Јаков Ме-ламед бил рабин во скопската синагога „Бет Аарон“. Од ова семејство потекнува прочуениот научник и лекар, Аврахам Меламед, што служел (1630) во синагогата
„Бет Аарон“. Погребан бил во Скопје.
ЛИТ.: Зени Лебл, Плима и слом из историје Јевреја Вардарске Македоније, Горнји Милановац, 1990.
Ј. Нам.

Павлос Мелас