МАЈЕР, Ернест

МАЈЕР, Ернест (Маѕер Ернест) (Згорњи Тухињ, Словенија 10. Ⅺ 1920) – академик, редовен член на САЗУ, Љубљана, професор по ботаника на Универзитетот во Љубљана. Автор е на бројни трудови од областа на флористиката и таксономијата и е еден од најдобрите познавачи на ендемичната флора на Балканскиот Полуостров. Има објавено голем број трудови, дел од нив во коавторство со неговиот долгогодишен соработник и пријател академик Кирил Мицевски. Во нив се разработени разни таксономски и хоролошки проблеми од флората на РМ кај повеќе таксони, како што се: Саџифрага грисебацхии, Лилиум хелдреицхии, Гениста фукарекиана, Астрагалус субг. Трагацантха, Ферулаго мацедоница и др. Вл. М.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *