МАШИНСКИ ФАКУЛТЕТ

МАШИНСКИ ФАКУЛТЕТ – Скопје. Студиите започнале во 1959 г. на Електромашинскиот оддел при Техничкиот факултет во Скопје, каде што во 1961 г. се отворени два отсека: Електротехнички и Машински. Со Закон на Собранието на СРМ во 1965 г. е основан Електромашинскиот факултет со два оддели и два степена на образование: континуирана настава (9 сем.) и И степен (5 сем). Од старата зграда на Техничкиот факултет, Електромашинскиот факултет во 1963 се преместува во бараки, но веќе во 1968 г. се вселува во денешната зграда. Од 1977 г. Машинскиот факултет постои како самостојна високообразовна институција. Првиот наставен план е донесен во 1959/60 г., во 1960/61 е усвоен нов по општо машинство, а во 1965/66 со две на-
Зградата на Машинскиот факултет во Скопје
соки. Во 1971/72 г. се воведува 3-та насока, а во 1976/77 г. е усвоен со 5 насоки (и на И степен). Во 1996/97
г. наставниот план е со 9 насоки, а во 2004/05 г. се воведува настава по ЕКТС на академски четиригодишни студии (9 насоки) и на професионални тригодишни студии (5 насоки). Во учебната 1972/73 г. започнале двегодишни студии на Ⅲ степен (9 насоки), кои се иновирани во 1985/86, за да се приспособи на Болонската декларација во 2005 г. Наставно-научната работа на факултетот (2005) се изведува од: 74 наставници, 13 асистенти и 7 лаборанти, а вкупно се вработени 125 лица. Машинскиот факултет има 16 лаборатории. На Машинскиот факултет (2005) стекнале диплома вкупно: 97 доктори; 212 магистри; 4.055 дипломирани машински инженери и 1.218 машински инженери. Сл. А.