МАНЕВ, Коле

МАНЕВ, Коле (с. Бапчор, Егејскиот дел на Македонија, 5. Ⅳ 1941)
– сликар и филмски режисер. Како дете-бегалец повеќе години живеел во детски домови во Романија (1948–1956), каде што го завршил основното училиште, а потоа, враќајќи се во татковината, го завршил Уметничкото училиште во Скопје (1956–1960) и студирал на Ликовната академија во Белград (1960–1964). Член е на ДЛУМ и на ДЛУПУМ. Приредил повеќе самостојни изложби (Париз, Скопје и др. места). Неговиот филм „Баскавските извори“ ја освоил првата награда на ТВ фестивалот во Блед (1972), а со долгометражниот документарен филм „Тулгеш“ освоил Гран-при на Мартовскиот фестивал во Белград (1977). Бил претседател на ДЛУМ (2006). Добитник е на признанието Почесен витез од областа на уметноста и науката на Министерството за култура на Република Франција. С. Мл.

Елица Манева