МАНЕВ, Димитар

МАНЕВ, Димитар (Штип, 1948) – сликар, ликовен педагог. Внесува

Димитар Манев, „Бикови во боја“ (2001)
нов сензибилитет во сликарството од крајот на седумдесеттите. Дипломирал на Академијата за ликовни уметности во Белград (1975). Од 2001 г. живее и работи во Чикаго. Самостојно излагал во Скопје, Загреб, Љубљана, Париз, Чикаго. Неговите дела се наоѓаат во многу јавни и приватни колекции во земјата и во странство. Во седумдесеттите години слика апстрактни, а од осумдесеттите големи фигуративни композиции, во кои ја применува колажната постапка во духот на постмодернизмот. Л. Н.

Коле Манев